Еден од најстарите македонски клубови Пролет во новата сезона ќе биде засилен со нов играч, леворакиот Мице Шилегов кој потпиша договор со тимот од населбата Пролет. Тој е третото засилување за тимот предводен од Александар Јовиќ, дознава 24Ракомет.
Целта на Пролет е да им се даде шанса на младите, и генерацијата која лани играше на Ф4 турнирот во младинска конкуренција, секако засилен со неколку искусни ракометари. Левучарите секогаш се „барана роба“, а Шилегов знае да биде особено опасен во нападот и контрите. Со него Пролет сигурно добива сериозно засилување.
Досега во екипата на Пролет пристигнаа Стефан Стојчевиќ и Златко Даскаловски. Во меѓувреме со активно играње заврши Дејан Пецаковски, а си заминаа Мартин Димов, Филип Арсеновски и Филип Крстески.
Шилегов потекнува од тимот на Металург, а во вториот тим играше до 2017 година. Потоа беше прекомандуван во сениорскиот тим каде остана до 2021 година. Мина една сезона во Охрид, а последните две сезони беше дел од Голден Арт.