Пролет имаше можност да направи изненадување во Кавадарци, но Тиквеш со добри 20 минути во второто полувреме си го врати водството, направи разлика и на крај победи со 21-17.
Со новите два бода, кавадарчни се зацврстија на 5. место на табелата со 14 бода, „бегајќи“ им на Еурофарм Пелистер 2 и Бутел кои заостануваат, два односно три бода.
Домаќините почнаа со водство, а во 15 минута беше нерешено, 7-7, а потоа требаше да минат 10 минути во кои двете екипи не можеа да постигнат гол, по што Пролет го презеде лидеството. Следуваше период во кој гостите имаа водство, и на одмор се замина со предност 9-7 за Пролет.
Уште десет минути скопјани беа во водство, а во 40 минута преку Мијушковиќ, домаќините израмнија на 12-12. За три минути следуваше целосен пресврт, по кој Тиквеш го презеде водството и имаше предност 14-12 пред тренерот Никола Матлиевски да побара тамајут.
Не реализираа гостите напад, правејќи престап, а во следниот Тиквеш веќе зголеми на 15-12. Кога во 50 минута Димовски од седмерец зголеми на 17-13 за Тиквеш се надѕираше победникот. Ама гостите не се предаваа лесно, па намалија на 17-15 во 54 минута. Добија шанса да намалат на „минус 1“, но наместо тоа ја загубија топката и во контра Тиквеше зголеми на 18-15, па Матлиевски мораше да бара повторно тајмаут, и да се обиде да се врата во игра.
И повторно не помина акцијата на гостите, и пак воконтра Тиквеш погоди и зголеми на 19-15, во 56 минута, најавувајќи дека нема да има дилеми кој ќе победи. Грешките на Пролет се казнуваа, и сите преку контри за ново водство 20-15 во 57 минута.

























