Градскиот дуел на двете скопски екипи од различните страни на брегот на реката Вардар го добија гостите од Автокоманда со 29-20. За Пролет ова е четврти пораз сезонава, втор по ред а „сините“ пак врзаа пет победи и со новите бодови се искачија на второто место на табелата, зад лидерот Вардар.
Од самиот почеток, избраниците на Кирил Лазаров ја презедоа контролата врз натпреварот. Со агресивна одбрана и брза игра во напад, гостите отворија со серија од 5-0, оставајќи го тимот од Пролет без решение за динамичниот ритам на противникот.
Голманот Иван Галевски повторно беше меѓу најзаслужните за победата со вкупно 15 одбрани на средбата, а неговиот колега на другата страна Бојан Солев имаше 11 успешни одбрани.
Пролет успеа привремено да се врати во ритам и да намали на само четири гола негатива (14-18), но гостите брзо реагираа, и пак направија сериозна предност со кој аги решија дилемите.
Кај домашните со петгола најпрецизен беше Мишевски, а три даде Никола Стоилевски. Во гостинскиот тим по седум гола дадоа Тордарсон и Костески.