Пролет рутински ја одработи задачата во полуфиналето од групната фаза во Купот на Македонија, славејќи над Македонија Ѓорче Петров со резултат 37-29.
Со овој триумф, Пролет обезбеди место во финалето од својата група, каде за противник ќе го има тимот на Кирил Лазаров кој во првото полуфинале славеше над Радовиш.
Најдобри во победничкиот тим беа Симоновски со седум и Дамчевски со пет гола, а голманот Трајков имаше десет одбрани, додека кај Македонија ЃП, Чакалиќ и Тотиќ реализираа по шест пати.
Финалето од оваа група во Купот на Македонија меѓу Пролет и „сино-белите“ на Лазаров се игра вечерва во 19:30 часот во салата Автокоманда.

























