Скопски Пролет повторно е во игра за едно од првите шест места на табелата кои водат во разигрувањето за титулата, откако со пресврт го доби мечот против Куманово, 28-25 (16-15). Навидум мирнио тмеч сепак заврши со црвен картон во последната секунда од мечот за гостинскиот играч Христијан Крстановски, и со три исклучувања за гостинскиот тренер Љубиша Димковски, и за Мице Шилегов и Доне Мајнов.
Последнот напад беше за Пролет, а по мешаницата и објаснувањето на Шилегов и Крстаноски, се вклучија и други ракометари, и двете клупи. По неколку минути расчистување, средбата заврши со исклучувањата и слободен удар за Пролет, иако мечот и победникот веќе беа решени.
Сега Пролет е на 6. место на табелата со 6 бода, еден повеќе од Тиквеш и Прилеп. За скопјани ова е победа со која се враќаат во игра за едно првите шест места кои водат во разигрувањето за титулата, иако првенството е се уште во рана фаза.
Во најголем дел од првото полувреме гостите од Куманово беа во водство, а Пролет се мачеше да најде репени а расположениот Давид Димевски кој тогаш постигна девет од вкупно 15-те гола на средбата. Водеше Куманово со 12-9 и 13-11, а потоа Пролет ја „сврте играт“ и резултатот, па на одмор се змаина со предност за скопјани од 16-15.
До 21-21 се играше без некој тим да направи „резултатско бегство“, а потоа Пролет со серија од 4-0 зголемува на 25-21 најавувајќи дека ќе победи.
ТАБЕЛА