Екипата на Пролет загуби на гостувањето Автокоманда со 37-29, иако пружи отпор во првото полувреме кај „сино-белите“ на Кирил Лазаров, кога беше 17-14, а пред паузата напаѓаа и за минус еден негатива.
Клучната предност домаќините ја направија на стартот на второтото полувреме и ја оправдаа фаворитската улога во одреден дел од мечот. Лидер во победата на „сино-белите“ беше Иван Галевски, кој имаше дури 16 одбани, од кои десет во првиот дел.
Мартин Велковски доби црвен картон во вториот дел, но Лазаров за разлика од Мајнов имаше голема ротација и со серија голови стигна до десет гола предност, 31-21, па тука беше решен победникот.
Најефикасен кај победникот беше Дамјан Митев со десет голови од десет обии, пред Филип Николов со шест, додека кај Пролет се истакнаа Томислав Димковски со осум и Никола Стоилевски со шест гола.
Во следното коло тимот од Автокоманда ќе гостува кај Еурофарм Пелистер 2, додека Пролет ќе ја пречека Струга.
























