Екипите на Пролет и Прилеп повторно одиграа драматичен натпревар и повторно си поделија по бод во суперлигашката пресметка, откако во спортската сала „Македонско Сонце“ натпреварот од 12. коло заврши без победник, 23:23. Иако Прилеп во вториот дел имаше 18:13, дозволи домаќинот да се врати во игра, но и да поведе.
Според очекуваното, двете екипи покажаа голема борба, по нерешените 4:4, гостите од Прилеп врзаа два гола во низа и беа првите кои се одлепија на ,,плус два”, 6:4, а кон средината на првиот дел, со голот на левото крило Трајкоски, дојдоа до три позитива, 8:5.
Од тој момент Прилеп постојано беше во предност, домаќинот секогаш се доближуваше, но моментите со играч повеќе не ги искористуваше во целост. Прилеп при предност од 13:10 имаше напад за четири разлика, а домаќините со цврстата одбрана не дозволија гостинот да дојде до поголема позитива.
По 30 минути игра резултатот беше 14:12 во корист за гостинскиот табор. Избраниците на Мојсов одлично го започнаа вториот дел, дојдоа до 18:13 и во следниот период дозволија домаќинот да се врати во игра. Пролет се консолидира за две-три миути и намали на 18:17 во 40 минута.
Ракометарите на Јовиќ во два наврати имаа шанса да израмнат, но Прилеп во 48 минута дојде до 20:18. Минута подоцна домаќините врзаа два гола во низа и со голот на Шилегов дојдоа до 20:20. Во последните десет минути секој напад беше важен, домаќините во 53 минута ја презедоа контролата, најпрво поведоа со 21:20, потоа имаап лус два, 22:20, а кога требаше да ја осигураат посакуваната победа, не се снајдоа најдобро во нападот.
Пролет во последната минута влезе со 23:22, имаа напад за победа, не реализираа, па така на десетина секунди пред крајот левиот бек Цветаноски стави точка на големата драма.