Пролет е „сигурен“ на домашен терен

На третиот домашен меч сезонава Пролет повторно освојува бодови, овојпат против Куманово 24-22. Скопскиот тим игра променливо, но дома е сигурен, и останува во „златната средина“ на табелата во Супер лигата.

Предноста што им донесе победа на домашните беше остварена во второто полувреме кога Пролет поведе со 20-15 во 45 минута. Потоа не дозволија да бидат изненадени.

Во последните 10 минути Пролет влезе со предност од 21-19, па откако двата тима останаа без играч, поради исклучување, домашниот тренер Никола Матлиевски побара тајм аут. Се изборија домашните за пенал, а него го реализираше Давор Палевски. Истиот играч во следниот напад од контра зголеми на 23-19.

На почетокот од средбата Куманово имаше водство неколкупати, а на полувреме се замина со предност на Пролет од 12-11.

Во следното коло Куманово е домаќин на „сините“ од Автокоманда, додека Пролет гостува кај Бутел.