Продолжуваат малерите за Франција – и Мае нема да игра на СП?

Еден од најдобрите репрезентативци на Франција, Кеинтин Мае, кој настапува во Бундес лигата, поточно во Гумерзбах, ќе отсуствува од ракометните терени.

Според соопштението на бундеслигашот, средниот бек поради повреда на раката морал да оди на операција, па неизвесен е неговиот настап на Светското првенство во јануари.

За селекторот на Франција, Гијим Жил, ова е уште една лоша вест, по оние за Елохин Пранди и Килијан Вијмино, двајцата ракометари нема да настапат на Мундијалот.

Франција е една од репрезентациите што може да биде ривал на Македонија во главната рунда на Мундијалот, ако нашата селекција обезбеди пласман таму.

Ракометарите на Франција за ривали во групната фаза од Светското првенство ги имаат репрезентациите на Австрија, Катар и Кувајт.