Продолжени договоритe – Аџиќ и Зорман остануваат на клупите на Словенија

Словенечката федерација ги продолжи договорите со двајцата селектори, Драган Аџиќ и Урош Зорман и за следните две години.

Нивните актуелни договори истекуваа на крајот на летото по Олимписките игри, но челниците на Словенечката федерација се задоволни од сработеното и им понудија нови соработки.

Аџиќ ја презема женската репрезентација во април 2021 година пред бараж двомечот со Исланд за место на СП и ја однесе на светскиот собир. Потоа ја однесе Словенија во ТОП 8 на домашното ЕП 2022, а во декември на СП 2023 го освои 11 место.

Најголемиот успех за женскиот ракомет во Словенија е пласманот на Олимписките игри во Париз во тешката група со Германија, Црна Гора и Парагвај.

Зорман ги презема мажите во февруари 2022 по елиминацијата на ЕП во првата фаза. На ЕП 2024 Словенците завршија на шестото место, а низ квалификациите во Шпанија обезбедија место на Олимпијадата во Париз.