Проблемите со срцето се минато, холандската ѕвезда се врати на тренинг

Бундеслигашот Фленсбург објави дека на тренинзите се врати десниот бек од Холандија, Каи Смитс.

Тој веќе тренира со екипата, откако паузираше шест месеци. Во декември 2023 му беше откриен миокардит, односно воспаление на срцевиот мускул.

Холандскиот репрезентативец доби дозвола од лекарите да започне со тренинзи, но се уште ќе биде под надзор.

„Среќен сум како помина рехабилитацијата. Се чувствувам прекрасно, едвај чекав да се вратам во екипата и да тренирам“, вели Смитс.

Десниот бек и Фленсбург ги очекува настапот на завршниот турнир во Лигата на Европа, но веројатно нема да се ризикува со негов настап.