Десниот бек на Кил и на репрезентацијата на Данска, Емил Мадсен, нема да заигра ракомет до крајот на годината.
Тоа значи дека најверојатно ќе го пропушти и Европското првенство што ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска, а со тоа и дуелот против Македонија, бидејќи двете селекции се во иста група.
Мадсен не играше на дуелот со Хамбург од Бундес лигата, а причината за тоа е повредата на десното крило.
Ова е нов проблем за Кил, кој ги има на листата на повредени, Гонзало Перез Де Варгас и Хендрик Пекелер.


























