Проблем за домаќинот на ЕП – oстана без еден од најдобрите ракометари!

Селекторот на Норвешка, Јонас Виле, остана без еден од најважните играчи во националниот тим – Харалд Рајнкинд.

Десниот бек има повреда на стапалото што ја влече од бундеслигашките натпревари, а сега беше утврдено дека нема да ја залечи до стартот на ЕП.

Затоа Виле веднаш реагираше и го повика десниот бек од данскиот ХОЈ, Симен Шонингсен, кој ќе формира дуо со Патрик Андерсон.

Претходно Норвешка остана без Магнус Гулеруд, Магнус Род, а Виле не ги повика ниту Петер Оверби, Кристијан О’Саливен, Себастијан Бартолд…

Норвежаните се во група на ЕП со Франција, Украина и Чешка.