На петтото издание на манифестацијата „Златна Олимпија“ во организација на МОК, меѓу наградените беше и Ракометната федерација на Македонија.
Наградата за најуспешна федерација за унапредување на родовата еднаквост ја доби македонската куќа на ракометот, а на присутните им се обрати претседателот Александар Стефанов.
„Ние уште на почетокот на мандатот кажавме дека дамите ќе имаат посебен акцент и ќе бидат ставени на пиедесталот со цел враќање на славните денови на македонскиот женски ракомет кој ни донесе големи успеси и на клупски и на репрезентативен план“, потенцираше претседателот на РФМ.
За разликата од претходно, сега сите женски репрезентативци имаат собири во ЕХФ неделите – пионерки, кадетки, младинки, како и сениорките, кои во 2026 година ќе имаат шанса да се изборат за учество на ЕП.

























