„Притисокот не ‘изеде’, но на виделина излезе македонскиот карактер“

Македонија ја победи Романија со 24-23 со голот на Ненад Костески во последната секунда од натпреварот.

Со тоа го освоивме третото место во група, кое ни носи пласман во ТОП 16, еден бараж за СП 2027 и место како носител пред ждрепката.

Десниот бек Мартин Велковски направи кратка анализа на мечот.

„Го отворивме мечот во наш стил со јака одбрана и брза транзиција, имавме добра разлика која што ја одржувавме во текот на целото прво полувреме. Во второто полувреме можеби притисокот нè изеде, игравме понесигурно во нападот, со многу прекини. Топката не одеше како што е препознатливо за нас. На крај се доведовме во проблематична ситуација, но на виделина излезе нашиот карактер и успеавме да дојдеме до победа со гол во последната секунда. Излеговме на време од „црната дупка“ и на крајот победивме“, изјави Велковски.