Eкипата на Арнштад од Германија решила да се натпреварува во кадетската конкуренција, бидејќи клубот имал завидна бројка на членови, па затоа амбициите биле ракометарите, кои се почетници, да го почуствуваат натпреварувачкиот дух и да стекнат искуство, пишува германскиот „Билд“.
Сепак, Арнштад нема да го памети по добро дебито во кадетската лига. Некои екипи немале милост и во дуелите со Арнштад постигнувале многу, а примале малку голови.
Тимот на Гера со еден играч помалку го совладал Арнштад со 48:9, Ајзенах со 41:25, но екипата на Јена остварила уште поубедлива победа, триумфирала со 94:17.
На натпреварот со Гера, тимот на Арнштад бил гостин и ракометарите на овој клуб биле навредувани од домашната публика, исвиркани, исмејувани…поради лошиот резултат.
Откако се одиграл натпреварот, клубот закажал итен состанок и на одржаниот состанок било одлучено да се отстапи од понатамошно натпреварување во кадетскиот шампионат.