Ракометарките на Деспина ја остварија втората сезонска победа на гостински терен во Првата женска лига.
Избраничките на Зоран Спиркоски славеа против новајлијата во оваа конкуренција, Јехона, во Гостивар со 30-23.
Домаќинките пружија солиден отпор во првиот дел, иако Деспина имаше константна контрола на резултатот.
Предводнички на тимот од Прилеп беa Ѓорѓиоска со осум гола, како и Ристеска и Јованоска со по шест погодоци, а кај Јехона се истакна Алтина Хасани со девет.
Во следното коло Јехона ќе го пречека Овче Поле СУ, додека Деспина ќе биде домаќин на Ѓорче Петров 2.