Прилепчани се наострија за вардарци (ФОТО)

Ракометарите на Прилеп вечерва го одработија последниот тренинг пред утрешниот дуел со некогашниот шампион на Македонија, Вардар.

Прилеп на двократниот европски шампион ќе му биде домаќин во рамки од 4. коло од Супер лигата.

Вардар е голем фаворит во дуелот со избраниците на Божидар Мојсов, но прилепчани ќе се обидат со помош на публиката да се покажат како незгоден и квалитетен ривал.

Вардар, моментално, има „три од три“, додека Прилеп на свое конто има шест бода, кои беа остварени со победите над Бутел Скопје и Вардар Неготино.

Натпреварот меѓу Прилеп и Вардар ќе се одигра утре со почеток од 18:30 часот во спортската сала при СОУ “Ристе Ристески-Ричко”. Влезот за сите љубители е слободен.