Прилепчанецот е „суперлигашки крал на стрелците“ – Димитриоски далеку пред сите!

По одиграни 18 кола од регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига и крајот на есенскиот дел, може да се сумира досега сработеното.

На листата на стрелците убедливо на првото место е левото крило на Прилеп, Димитар Димитриоски, кој досега постигна 122 погодоци.

Димитриоски цела полусезона игра во одлична форма и е лидерот на тимот на Наум Танески, а напролет има шанси да се избори за место во плеј-офот, иако ќе има тежок распоред.

Левото крило во просек постигнува по 6,78 голови по натпревар, што е најмногу од сите други ракометари, а има и висока реализација од 81%, што е втор најдобар процент.

Втор на листата на стрелци е бекот на Еурофарм Пелистер 2, Мохамед Азиз, кој досега даде 115 погодоци, додека трет е Давор Палевски, левото крило од Пролет, со 107 гола.

Во ТОП 5 листата на стрелци се наоѓаат уште и десниот бек од Бутел Скопје, Филип Николов и десното крило од Куманово, Александар Стојков со по 100 постигнати голови.