Тимот на Прилеп ќе влезе со големи амбиции наредната сезона во суперлигашкото друштво, а за таа цел веќе потврди продолжување на соработката со тренерот и уште двајца ракометари.
Стружанецот Наум Танески и наредната сезона ќе биде на кормилото на тимот од Прилеп, а во клубот останува и најдобриот стрелец.
Како што неодамна најави 24Ракомет, Димитриоски и во претстојната сезона ќе ги брани боите на клубот од родниот град.
Покрај Танески и Димитриоски, соработката со Прилеп ја продолжи и десниот бек Никола Шипинкоски, кој дојде од Охрид на полусезоната.
Активни договори за наредната сезона со прилепчани имаат странците Владан Кастратовиќ, Томсилав Квастек и Денис Шабановиќ.

























