Прилепчани за малку ќе направеа „од готово – вересија“ но во самата завршница од средбата успеаја да го победат Куманово, со 33-32. За домашниот тим ова беше прва победа во новата сезона, откако претходно загубија од Еурофарм Пелистер 2.
Драматични беа последните минути од средбата во кои домашните имаа гол преднос, а Куманово израмнуваше. Но, во периодот од 58 до 59 минута гостите двапати не реализираа напади, а на другата страна Бозжидар Илиоски од својата половина постигна гола за водство 33-31 што им носеше сигурна победа.
Остан малку време, а Тоше Ончев не го реализираше пеналот што го имаше Куманово, бдејќи Стефан Христовски беше подобар. Потоа во следнот напад Димевски постигнува гол со кој само беше немалено водството, но запечатена победата на Прилеп од 33-32.
Домашните имаа водство од 5-6 гола во првото полувреме, но се се смени пред крајот на првото полувреме и во вториот дел од средбата. Прилеп „падна“ а Куманово дојде на 1-2 негатива кои успеа во самата завршница да ги анулира и тргна неизвесност до крај на средбата.
Димитар Димитриоски постигна 12 гол аод 14 обиди за Прилеп, а на спротивната страна Бразилецот Да Силва Фернандез даде 9 гола од 12 обиди, но предвреме го заврши мечот поради црвен картон.