Прилеп со прво засилување, доаѓа искусниот пивот Тренчевски!

Тимот на Прилеп, кој од првото место во суперлигашкиот плеј-аут, обезбеди место во елитната конкуренција и за наредната сезона, веќе работи на играчкиот кадар.

Прво засилување за клубот е искусниот кружен напаѓач Александар Тренчевски, кој се враќа дома по неколку сезони.

Тренчевски во својата кариера настапуваше и за екипите на Вардар Јуниор, Зомимак, Струга, Паргас ИФ од Финска и за Астраион.

Тренерот Божидар Мојсов и неговите избраниците во скратена суперлигашката конкуренција ќе се обидат да стигнат до место во плеј-офот.