Прилеп потпиша со кадетски репрезентативец

Тимот на Прилеп полека го склопува играчкиот мозаик за претстојната сезона во која ќе влезе со големи амбиции.

Кадетскиот репрезентативец Марио Столески потпиша договор на три сезони со прилепчани и ќе тренира под палката на Наум Танески во првиот тим. Досега беше дел од младинските категории.

Прилеп претходно донесе големо засилување Димитар Димитриоски, а ги продолжи договорите со носителите на играта.

Нови соработки беа потпишани со странците Владан Кастратовиќ, Томислав Квастек и Денис Шабановиќ, како и со Александар Тренчевски и Иван Ангелески.

Покрај Димитриоски, нови засилувања за Прилеп се левиот бек Божидар Лековиќ и десниот бек Сандро Дарсанија, а од клубот заминаа Левани Имнадзе и Никола Цветаноски.