Екипата на Прилеп доживеа висок пораз на гостувањето во Автокоманда, со високи 21-47 во рамките на 5. коло од Супер машката лига. Во двете полувремиња гостите постигнаа двојно помалку голови од домашните ракометари.
Со оваа победа тимот од Скопје останува во самиот врв на табелата, додека Прилеп ќе мора да бара бодови во натпреварите со директните конкуренти за пласман во плејофот.
Уште од стартот избраниците на Кирил Лазаров ја наметнаа својата игра, а веќе по првото полувреме имаа двоцифрена предност (23:10). Во вториот дел продолжија со офанзивниот ритам, постигнувајќи дури 24 гола и не му оставија никакви шанси на противникот.
Најдобар стрелец на натпреварот беше Емилијан Ѓорѓовски со 8 голови, а зад него се истакнаа Ненад Костески и Михаил Ивановски со по 6 гола.
Кај гостите од Прилеп, најпрецизни беа Денис Шабановиќ и Божидар Лековиќ со по 4 гола, како и Пеце Рајатаоски и Филип Адамчески со по 3 гола.
Во следното коло Прилеп е домаќин на Струга, а екипата од Автокоманда гостува во Куманово.