Прилеп промовираше големо засилување – потпиша Димитриоски

Тимот на Прилеп влегува со големи амбиции наредната сезона на домашна сцена, а доказ за тоа е најновото засилување.

Левото крило Димитар Димитриоски по три сезони во Асобал лигата и одличните настапи за Ваљадолид, се врати во Македонија и ќе го носи дресот на Прилеп.

Првите ракометни чекори, Димитриоски ги направи во Металург, со кој ја освои титулата во Купот на Македонија во 2019 година, а потоа две сезони ги бранеше бите на Вардар, со кој освои двојна круна пред да се пресели во Еурофарм Пелистер 2.

Со младинската репрезентација на Македонија играше на СП во 2017 година, а сениорскиот дрес го носеше на СП 2021 во Египет.

Прилеп го промовира новиот стратег, Наум Танески, а ги продолжи договорите со Владан Кастратовиќ, Денис Шабановиќ, Томислав Квастек, Александар Тренчевски и Иван Ангелески, а покрај Димитриоски се засили и со Сандро Дарсанија и Божидар Лековиќ.