Двајца талентирани ракометари од прилепската школа ќе добијат шанса во претсезоната да тренираат со првиот тим на Прилеп.
Станува збор за кружниот напаѓач Павел Лажоски и левиот бек Јован Соколоски, кои ќе работат под водство на Наум Танески.
Прилепчани ги стартуваа подготовките некомплетни, а дополнително ќе се приклучат Томислав Квастек и Сандро Дарсанија, додека Црногорецот Божидар Лековиќ веќе тренира со тимот.
Најголемото засилување Димитар Димитриоски уште од прв ден му се стави на располагање на Танески, а ростерот на тимот не претрпи големи измени во споредба на минатата сезона бидејќи заминаа само Никола Цветаноски, Левани Имнадзе и Ангелче Органџиев.