Прилеп ја освои Струга

Ракометарите на Прилеп остварија значајна победа на гостински терен, откако славеа против Струга со 31-25 во натпревар од 3 коло во суперлигашкиот плеј-аут.

Сега прилепчани имаат 26 бодови на првото место, додека стружани останаа на претпоследното место со седум бода и ќе водат жестока битка за опстанок во преостанатите седум кола.

Избраниците на Наум Танески го решија прашањето на победникот против неговиот екс клуб по првото полувреме, кога водеа со 17-12.

Второто полувреме беше само рутински одработено и прилепчани не им дозволија на домашните да помислат на камбек во мечот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Димитриоски со осум погодоци, додека Шипинкоски, Шабановиќ и Квастек постигнаа по пет голови. Кај стружани, Наум Костов беше најефикасен со девет гола.