Тимот на Прилеп објави дека младиот лев бек Филип Адамчески потпиша нов договор и ќе тренира во иднина со првиот тим.
Адамчески и претходно повремено добиваше минутажа и играше во Супер лигата, а клубот „врза“ уште еден млад талент по средниот бек Ангел Крстески.
За новата сезона покрај тренерот Божидар Мојсов, кој останува на кормилото и ја продолжи соработката, беше продолжен договорот и со капитенот Христи Бикоски.
Претходно прилепчани промовираа уште четири засилувања – пивотот Александар Тренчевски, средниот бек Божидар Илиески, десниот бек Никола Јеремиќ и голманот Стефан Христоски.