Прилеп го „среди“ Тиквеш и се закомплицираа математиките за плејофот

Прилеп успеа да го победи „ослабениот“ Тиквеш со 33-26 (16-11) во 20. коло од машката Супер лига, и сега се закомплицира околу тоа кои екипи може да играа во плејофот. Домаќините со овој триумф имаат 18 бода, и се на два бода зад Тиквеш и Бутел кои се на 5. и 6. место, кои водат во разигрувањето за титулата.

Сега свои математики до крај на регуларниот дел имаат и Тиквеш, и Бутел, па и Прилеп и Еурофарм Пелистер 2. А само два тима ќе бидат во Топ-6. Во случај на сит број бодои ќе решаваат меѓусебните дуели, или пак мини табела ако се три или повеќе екипи со ист број бодови.

Кавадарчани можеа уште сега во Прилеп да го завеерат плејофот, но им требаше победа, вака ќе треба да се надеваат на најмалку два бода за да може да бидат меѓу шест екипи. Прилепчани пак ќе зависат од себе и од ривалите.

На мечот во Прилеп домаќините од почеток најавија дека ќе одат на победа, па така беше до крај. Имаа предност која ја задржаа, и прашање беше само со колкава разлика ќе заврши средбата.