Прилеп го мина Драчево во Купот – сега следува битка против пелистерци

Ракометарите на Прилеп славеа против прволигашот Драчево со 41-34 во групната фаза од Купот на Македонија.

Избраниците на Наум Танески утре ќе се соочат со фаворитот Еурофарм Пелистер во битката за настапот на завршниот турнир.

Прилепчани кои комбинираа со составот, имаа проблеми во првиот дел, кога беше 20-20, но второто полувреме работите си дојдоа на свое место.

Натпреварот што ќе го даде првиот учесник на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, ќе се игра утре од 16:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.

Куп на Македонија, мажи:

група А (Скопје, СЦ Јане Сандански)
7/3, 12:30, Бутел Скопје – Вардар
7/3, 14:30, Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2
финале, 7/3, 19:30

група Б (Скопје, спортска сала Автокоманда)
7/3, 13:30, Пролет – Македонија Ѓорче Петров
7/3, 11:00, Радовиш – Алкалоид
финале, 7/3, 19:30

група В (Охрид, СРЦ Билјанини извори)
6/3, 18:00, Тиквеш – Охрид
8/3, 13:00, Куманово – Младост Богданци
финале, 8/3, 18:00

група Г (Битола, спортска сала Боро Чурлевски)
Прилеп – Драчево Јуниор 41-34
Струга – Еурофарм Пелистер 19-44
финале, 6/3, 16:00, Еурофарм Пелистер – Прилеп