Тимот на Прилеп активно работи на формирањето на играчкиот состав за наредната суперлигашка сезона.
Најново засилување за Прилеп е босанскиот десен бек Никола Јеремиќ, кој има 23 години, но има големо искуство.
По стартот на кариерата во Слога Добој, замина во Војводина, каде беше носител на играта во младинските категории, а беше дел од репрезентацијата на Србија на кадетското ЕП во 2018 година.
Потоа го промени спортското државјанство, почна да игра за Босна и Херцеговина, и беше на поширокиот список кога селектор беше Ивица Обрван.
По пет години во Нови Сад, во 2019 година се пресели во Борац Бања Лука, а две сезони беше дел и до Грачаница, пред да замине во шпанската Ибица, каде играше минатата сезона.
Јеремиќ е четвртото засилување за Прилеп по кружниот напаѓач Александар Тренчевски, голманот Стефан Христоски и средниот бек Божидар Илиески.