Прилеп донесе бек од Еурофарм Пелистер, доаѓа уште еден на 20 јануари

Ракометарите на Прилеп иако имаат математички шанси за плеј-офот, сепак се чини дека оваа сезона ќе мора да се задоволат со битката за опстанок во елитното друштво.

Без тренерот Наум Танески, кој е со македонската репрезентација на ЕП во Данска, прилепчани ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Засега единствено ново име е младиот десен бек Лука Ѓорѓиевски, кој досега настапуваше за младинскиот тим на Еурофарм Пелистер, а беше дел од битолскиот состав што играше во Лигата на шампионите минатата сезона.

На 20 јануари на Прилеп ќе му се приклучи уште еден десен бек – Никола Шипинкоски, кој е повратник во клубот, откако играчот на Охрид ќе ја мине оваа полусезона на позајмица.

Прилеп го стартува пролетниот дел од сезоната на 7 февруари со гостување кај Охрид.