Тимот на Еурофарм Пелистер 2 е нов освојувач на трофејот на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, по триумфот во финалето над домаќинот Прилеп со 32-26.
По крајот на мечот беше доделено специјално признание на Камер Металари, за придонесот во успешната организација на турнирот години наназад, а награда за животно дело му беше доделена на Пеце Велјаноски Стипе, легенда на прилепскиот ракомет.
Потоа беа доделени и индивидуалните признанија за најдобрите играчи на турнирот „Миле Нешкоски“.
Најдобар стрелец на турнирот беше Димитар Димитриоски од Прилеп, најдобар голман Мартин Јовановски од Еурофарм Пелистер 2, а за најкорисен играч, односно МВП беше избран бекот на победникот на турнирот, Христијан Митревски.
ПРИЛЕП 2025: Еурофарм Пелистер 2 го торпедира домаќинот и слави трофеј!

























