ПРИЛЕП 2025: Еурофарм Пелистер 2 го торпедира домаќинот и слави трофеј!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го освоија трофејот на 10. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, откако во финалето убедливо го совладаа домаќинот Прилеп.

Иако домашните ракометари водеа со 17-16 на паузата, сепак во вториот дел комплетно доминираа битолчани и на крајот победија со 32-26.

Битолчани се наследници на охриѓани, кои лани славеа во финалниот натпревар токму против Еурофарм Пелистер 2 со 33-23.

Во битката за третото место славеше Пролет против Тиквеш по изведувањето на пенали со 29-27, откако регуларниот дел заврши реми, 24-24.

Петти на турнирот заврши Бутел Скопје кој ја совлада Црвена Звезда со 37-31 во натпреварот за петтото место.