Денешните два натпревари на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп нема да решаваат околу финалистите, но ќе одлучат кои екипи ќе играат за трето и петто место.
Од 18:00 часот на мегдан одат Пролет и српскиот тим Црвена Звезда. Победникот ќе биде втор во групата и ќе игра за трето место. Реми му одговара на српскиот претставник, кој загуби со помала разлика од Еурофарм Пелистер 2.
Од 20:00 часот на програмата е интересниот дуел меѓу Бутел Скопје и Тиквеш, а кавадарчани и со реми ќе бидат втори. Бутел Скопје само победа го носи на второто место и битка за трето во вкупниот пласман.
Финалисти се екипите на Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 кои ќе се соочат во натпревар утре од 19:00 часот во салата „Ристе Ристески Ричко“.
Распоред на натпревари „Миле Нешкоски“:
18:00 Црвена Звезда – Пролет
20:00 Тиквеш – Бутел Скопје