ПРИЛЕП 2024: Познат распоредот на натпреварите на турнирот „Миле Нешкоски“

За два дена ќе се стартува деветтото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во чест на прерано починатиот македонски ракометар.

Покрај домаќинот Прилеп, учество ќе земат уште четири македонски екипи и една од странство – српскиот Врање.

Во групата 1 ќе бидат Прилеп, Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2, додека во групата 2 се најдоа Охрид, Врање и Куманово.

Турнирот ќе се одржи од 29 август до 1 септември и ќе биде генерална проба за екипите пред стартот на суперлигашките предизвици.