Прилеп се подготвува за деветтото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во чест на ракометната легедна.
Организаторите на прес-конференција ги најавија екипите учесници на претстојното издание и деталите околу организацијата на турнирот.
Покрај Прилеп, од Македонија тука се екипите на Еурофарм Пелистер 2, Куманово, Охрид и Тиквеш, додека единствен гостин од Србија е српскиот Врање.
„Скоро десет години се одржува овој турнир. Јас сум вклучен во организацијата во последните две години. Остануваме посветени да ги дигнеме нивото на турнирот. Го задржуваме интернационалниот карактер, па и годинава ќе имаме странска екипа на турнирот. Прилеп отсекогаш бил ракометен град, а ние ќе се трудиме секоја година да го креваме нивото на турнирот и да имаме уште поквалитетни екипи“, вели Александар Чадамов, дел од организацијата на турнирот „Миле Нешкоски“.
Тој ќе им послужи на македонските екипи како последна подготовка за македонското првенство.
„Уште првиот турнир кога го организиравме, нашата цел беше турнирот да биде последна подготовка за македонските екипи за домашното првенство. Минатата година имавме осум екипи, беше многу напорно да се оганизира, но исто и за екипите. Одлучивме оваа година да имаме шест екипи, за да можат екипите од домашното првенство да се воиграат бидејќи оваа година првенството ќе почне порано и ќе има многу натпревари. Горе-долу се работи за екипи со ист квалитет и ќе има интересни натпревари на турнири во наредните четири дена. Влезот за натпреварите ќе биде слободен и очекувам дека публиката масовно ќе ги следи“, вели Рубинчо Седлоски, дел од организацијата на турнирот.
Победник од минатата година е тимот на Дубочица Лесковац, која во финалето беше подобра од Мулти Есенс.
ПРИЛЕП 2024: Познат распоредот на натпреварите на турнирот „Миле Нешкоски“