Прибетиќ: Слушнав само убави работи за Охрид – едвај чекам да почнат натпреварите

Хрватскиот репрезентативен пивот Џанфранко Прибетиќ веќе ги одработува тренинзите со амбициозниот Охрид.

Прибетиќ пред крајот на 2025 година потпиша договор со Охрид и се обврза да го носи дресот на „гладијаторите“ најмалку до 2028 година.

Прибетиќ доаѓа од најсилната ракометна лига во светот – Бундес лигата, каде го носеше дресот на Штутгарт и има 25 години.

„Многу сум среќен и горд што потпишав за Охрид. Имам слушнато само убави зборови за клубот и за градот и ми претставува особена чест што сум тука. Се радувам на работата со нова екипа и нови предизвици кои не очекуваат во оваа полусезона и верувам дека ќе ги оствариме заедно со навивачите. Едвај чекам да започнат натпреварите и да се борам за целите на клубот“, изјави Прибетиќ.

Охрид му посака добредојде на новото засилување од Бундес лигата!