Прибетиќ: Ќе дадеме се од себе да се вратиме во Охрид со позитивен резултат

Денеска се игра првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп меѓу грчкиот Олимпијакос и Охрид.

Амбициозниот македонски тим со пласманот во ТОП 8 го оствари најголемиот клупски успех, но не сака да застане тука.

Кружниот напаѓач на „гладијаторите“, Џанфранко Прибетиќ, ги сподели очекувањата од првата пресметка.

„Не очекува тежок натпревар против Олимпијакос. Добро работевме цела недела и спремни го дочекуваме овој дуел. Ќе дадеме се од себе да се вратиме во Охрид со позитивен резултат, сите момци се подготвени и со нетрпение го чекаме стартот на мечот“, изјави Прибетиќ.

Натпреварот меѓу Олимпијакос и Охрид се игра денеска во Атина со почеток од 16:00 часот.