Олимпискиот шампион, Емил Нилсен, по првиот меч на Олимписките игри во Париз, дознал тажна вест за смртта на неговиот татко.
Тој не ја сподели веста со јавноста, но повеќе време во Париз минал во разговари со неговата мајка, девојка и некои од колегите од националниот тим.
Чуварот на мрежата на Барселона и покрај големата тага остана во Париз за време на Игрите, иако не било лесно решение.
„Во некоја смисла, чувствував дека на патот кон остварувањето на најголемата мечта, на душата имав трагична тајна, за која не знаеја многумина. Се трудев колку можам да го скријам тоа, но неколку пати стоев на теренот и плачев“, раскажа Нилсен за данските медиуми.
Данците освоија златни медали на Олимписките игри, победувајќи ја Германија во финалниот натпревар.