ПРЕСВРТ: Манасков преговараше со Струга – ама потпиша за Вардар Неготино

Додека стружани бараа спонзор, брзо реагираа од Неготино па претседателот Ристо Трајковски му достави примамлива понуда на Манасков кој брзо ја прифати. На тој начин се пријавија дека се кандидати за Супер лигата.

Наместо во Струга како што многумина сметаа, легендата на македонскиот ракомет Пепи Манасков ќе биде тренер во Неготино, во екипата на прволигашот Вардар Неготино. Тој веќе се приклучил на подготовките на тимот кој има амбиции да се врати во Супер лигата. Екипата тренира кондиционо а од следната недела ќе се комплетира тимот и ќе почне да се работи техничко-тактички и ќе се играат пријателски средби

Вардар Неготино ги обнов договорите со Митевски, Кузманов, Мицев, Ѓорѓев и Костадинов, а Орешков се врати на терените по повредата во Богданци. Останува костурот од минатата година од домашни играчи. Се разговара со уште пет нови играчи, а преговорите се во завршна фаза и до вторник ќе се комплетира составот.

Манасков беше желба и на екипата на Струга која сепак требаше да најде дополнителни спонзори кои ќе треба да го дополнат буџетот за да може да се ангажира најдобриот играч на Македонија на столетието.

Додека стружани бараа спонзор, брзо реагираа од Неготино па претседателот Ристо Трајковски му достави примамлива понуда на Манасков кој брзо ја прифати. На тој начин се пријавија дека се кандидати за Супер лигата.

Помошник на Манасков ќе му биде Ратко Велјанов. Неготино пред две сезони играше во Супер лигата, но не успеа да го заржи суперлигашниот стсатус. Сега повторно има амбиции да се вклучи во игра за место што води во највискиот ранг.