Тимот на Преспа Вардар по првото реми оваа сезона, ја запиша првата победа во прволигашката конкуренција.
Ресенчани на домашен терен славеа убедливо против Аеродром со 32-18, а предводници во нападот беа Иван Костовски со осум и Стефан Босилковски со шест погодоци.
Преспа Вардар сега има само 1 бод, поради претходното минусно салдо, додека Аеродром е на четвртото место со шест бодови.
Во вториот меч од плеј-аутот, Партизан Гевгелија запиша убедлива победа над Астраион од Струмица со 35-27.
Струмичани парираа до 10-10, а потоа се беше во знакот на домаќините, кои беа предводени од Пејковски со осум, како и Гетов и Лисичков со по седум погодоци, додека кај Астраион, десет реализации имаше Ефтимов.
Со овој триумф, Партизан Гевгелија го освои плеј-аутот во Првата лига и има 16 бода на првото место на три кола до крајот.