Преспа со пресврт запиша бодови против Партизан Гевгелија

Ракометарите на Преспа со пресврт во последните петнаесетина минути славеа триумф над Партизан Гевгелија со 30-26.

Со новите бодови, Преспа се израмни со Овче Поле со по десет бодови, додека гевгеличани останаа на деветтата позиција со 15 бода.

По израмнетото прво полувреме, 13-13, домаќините имаа негатива од два гола, 20-18 во вториот дел, но тогаш тргна пресвртот.

Ресенчани постигнаа четири гола во серија и поведоа со 22-20, која уште умешно ја чуваа до крајот на натпреварот и се израдуваа на бодови.

Ивановски даде шест гола за победникот, додека по пет пати погодија Лазароски, Ристевси и Веслиевски. Кај гевгеличани, шест гола даде искусниот Лисичков.