Преспа победнички против Партизан Гевгелија

Тимот на Преспа имаше победнички старт во прволигашкиот плеј-оф и го совлада Партизан Гевгелија со 35-20.

Гостите парираа само на стартот кога беше 3-3, потоа следуваше домашна серија од четири гола за 7-3, а до крајот на полувремето Преспа стигна до плус пет, 15-10.

Во второто полувреме следуваше уште поголема доминација на ресенчани, кои само ја зголемуваа разликата до конечните плус 15.

Во победничкиот состав седум гола постигна Раде Ќосевски, додека шест пати стрелаше Иван Костовски. Кај гевгеличани осум пати погоди Горан Лисичков, а шест гола даде Васил Зајков.

Во следното коло Партизан Гевгелија дома ќе игра со велешки Борец, додека Преспа ќе гостува во Штип кај Текстилец.