Преспа мина без проблем во Велес

Тимот на Преспа Вардар без проблем славеше на гостувањето кај Борец со убедливи 30-14 во натпреварот од 5 коло во Првата лига.

Велешани одржуваа резултатска рамнотежа во првите петнаесетина минути, кога беше 6-4, но потоа ресенци ја преземаа контролата.

До паузата Преспа Вардар стигна до 14-9, а на стартот на второто полувреме беше решен победникот, откако гостите поведоа со 19-9.

Избраниците на Иванчо Ангелковски до крајот одиграа само рутински и запишаа планирани бодови.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Христијан Радевски со десет погодоци и Раде Ќосевски со шест, додека кај Борец се истакна Марко Ангелов со пет гола.