Машката репрезентација на Македонија од денеска се сели во Берлин, главниот град на Германија, кој ќе биде база во следните шест дена.
Селекторот Кире Лазаров и за денеска планира тренинг на неговите избраници, но со оглед на тоа што има натпревари во „Мерцедес Бенц Арена“, тој ќе биде одработен од 18:00 часот во „Макс Шмелинг“.
Македонија загуби од олимпискиот првак Франција со 39-29 во првата рунда на Европското првенство.
Втор предизвик за нашата репрезентација ќе биде домаќинот Германија, кој имаше неверојатна партија против Швајцарија и славеше со 27-14.
Натпреварот меѓу Македонија и Германија се игра на 14 јануари од 20:30 часот, додека пресметката против Швајцарија ќе биде на 16 јануари од 18:00 часот.