Покрај младинската репрезентација, македонски претставници на Мундијалот во Полска ќе бидат уште двајца судии.
Станува збор за Даниело Божиновски и Виктор Начевски, кои судат на четврто СП по ред во младинските категории.
Тие веќе ја добија првата задача и ќе бидат судии на натпреварот од првата рунда меѓу Саудиска Арабија и Египет.
Натпреварот од групата Х се игра од 14:00 часот во салата на полскиот Келце – „Легионово“.