Утре со почеток во 13:00 часот во просториите на Ракометната федерација на Македонија ќе биде извршена ждрепката за групите во Купот на Македонија во женска конкуренција.
Во Купот ќе учествуваат сите 14 екипи што се дел од единствената женска конкуренција во Македонија. Тие ќе бидат поделени во четири шешири, согласно пласманот во минатата сезона.
Во првата и втората група ќе бидат со по четири екипи, додека третата и четвртата група ќе имаат по три екипи.
Во првиот шешир ќе биде Ѓорче Петров, Куманово кој е актуелен освојувач на трофејот во Купот, како и екипите на Вардар и Чаир.
Полуфиналните двојки во овие групи ќе се играат по принципот 1-4, 2-3, а победниците на четирите групи ќе се пласираат на завршниот турнир.
Куп на Македонија, жени, ждрепка:
шешир 1: Ѓорче Петров, Куманово, Вардар, Чаир
шешир 2: Пелистер, Овче Поле СУ, Стружанка, Шампион
шешир 3: Астибо, Деспина, Скопје
шешир 4: Гевгелија, Спартак, Металург Автокоманда