Пред една недела играа во Струга, сега испишаа историја!

Четвртопласираниот тим на Струшкиот турнир, турската Бурса имаше повод за големо славје минатиот викенд, откако го освои Супер Куп трофејот во Турција против триумфот над Бешикташ со 37-36.

Натпреварот понуди неверојатна драма и спектакуларни моменти. Мечот кој се играше во жестоко темпо, првото полувреме заврши со минимална предност на Бурса, 18-17.

Возбудата не изостана ниту во вториот дел. Бурса влезе во последните минути со предност од плус три, но поради исклучувања со две минути, Бешикташ успеа да се врати и со гол во последната секунда избори продолженија, 33:33.

Победникот мораше да се реши со пенали, каде што Бурса беше подобра. Со триумфот, Бурса го освои првиот трофеј во својата историја, испраќајќи силна порака дека ќе биде еден од најсериозните конкуренти за шампионската круна во сезоната 2025/26.