Пред дуелот со пелистерци: ПСЖ имаше минус седум, но со херојски камбек го победи Нант!

Францускиот првак ПСЖ, кој е следен предизвик за Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, во победничка атмосфера ќе го пречека македонскиот првак.

ПСЖ беше „печен“ да загуби првпат во домашното првенство оваа сезона, но на крајот сепак триумфираше против незгодниот Нант со 35-32.

Гостинската екипа водеше со 21-14 во второто полувреме, но на крајот остана со празни раце по пресметката со „светците“.

ПСЖ се врати во егал, 24-24, а беше и 32-32 кога остануваа да се играат уште 120 секунди од големото дерби.

Стеинс, Шипжак и Мате ја затреоса гостинската мрежа, Нант направи две грешки по ред и немаше време за нешто повеќе од овој натпревар.

Во составот на Раул Гонзалес, по пет гола дадоа Мате и Шипжак, додека по четири пати стрелаа Балагер и Пранди, а голманот Грин имаше 12 одбрани.

Пресметката меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер од Лигата на шампионите ќе се игра на 12 октомври со почеток во 20:45 часот.